Воз прегази маж кај надвозникот на булевар „Србија“

1030

Триесетиедногодишен скопјанец загина откако во него удри воз на железничката пруга пред надвозникот на бул. „Србија“. Според информациите, возот сообраќал на релација Битола – Скопје пришто удрил во пешакот Н.М., кој починал на местото.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.