Воз двапати налетал на камења на пругата Скопје-Битола

107

Патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, вчера околу 13:50 часот на делот од пругата помеѓу железничкото стојалиште Браилово и железничкото стојалиште Слепче, удрил во камења на пругата кои биле поставени од непознати лица.

Од ударот предизвикано е оштетување на браникот на возот, но истиот не застанал, односно го продолжил движењето.

Потоа истиот ден околу 19:05 часот патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола, удрил во камењата на пругата, но од ударот не била предизвикана материјална штета.