Возило излета од коловоз во Скопје, две лица потешко повредени

90

Две лица се потешко повредени, а едно полесно, откако патничко возило синоќа во 1.25 часот излетало од коловозот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје и удрило во дрво, а потоа во две паркирани возила.

Патничко моторно „Шевролет круз“ било управувано од 47-годишен В.Б од Скопје, а по излетувањето од коловозот удрило во паркираните „Опел Астра“ и „Фиат Пунто“, сите со скопски регистарски ознаки.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот Љ.С.(55) од Скопје, додека другиот сопатник Т.Г.(39) од Скопје се здобил со телесни повреди.

Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарка помош, додека двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.