Возач удрил во пешак во Тетово и побегнал

105

Возач удрил во пешак во Тетово, по што побегнал. Како што информира МВР, вчера било пријавено дека во Тетово, на крстосницата од булеварот „Видое Смилески Бато“ и улицата „Браќа Миладиновци“ за сега непознато патничко моторно возило удрило во пешакот В.И. (24) од Тетово, по што го напуштило местото на настанот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Тетово.