Возач почина за време на пробна автомобилска трка

387

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до касарната во Кичево.

Според пријавеното, нему му се слошило поради што излетал од патеката.

Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.

– И по 24 часа од немилиот настан не можеме да ги средиме емоциите по смртта на нашиот колега Александар Кочевски, кој почина на патеката за време на квалификациите во рамките на Твинго-Купот. Како што не информира лекарскиот тим од кичевската општа болница, тој и покрај нивните максимални напори да го реанимираат, починал од срцев удар за време на самата тренинг сесија. Да најавиме дека следните трки во брзински автомобилизам ќе бидат насловени „Во сеќавање на Александар Кочевски“, во чест на нашиот прерано починат колега, а ние и на овој начин сакаме да изразиме искрено сочуство и почит кон него и неговите најблиски, пријатели и колеги-истакна Миле Делев од Кастум Кар Реисинг тимот, технички организатор на овој натпревар. З.А.