Возач на електричен тротинет загина во сообраќајка во Битола

753
Фото: Илустрација

Во сообраќајна незгода која се случила вчера во Битола загинал 26-годишен битолчанец што управувал со електричен тротинет.

Како што информираат од МВР, сообраќајката се случила на крстосницата од битолските улици „8 Септември“ и „Арон Ароести“, а во неа учествувале автомобил „фолксваген туран“, управуван од 21-годишниот битолчанец Ф.Ј. и електричен тротинет управуван од О.П. (26), исто така од Битола.

По незгодата 26-годишникот бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде им подлегнал на повредите.

На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.