Возач на автобус почина на превојот Стража

390

Возач на автобус синоќа околу 22 часот починал од засега неутврдени причини, додека бил на пауза на превојот Стража.

Според СВР Тетово синоќа на превојот Стража починал Г.Д (37) од Скопје, возач на автобус „мерцедес“ со скопски регистерски таблици.

Според првичните наоди, откако Г.Д. со автобусот запрел за пауза на Стража, му се слошило и паднал во безсознание. Лекарите од гостиварската Брза помош, кои во меѓувреме биле повикани, констатирале негова смрт.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, а по наредба на јавниот обвинител безживотното тело на Г.Д. предадено му е на семејството.