Возач излетал од пат и се здобил со тешки повреди

131

На магистралниот пат Кичево-Гостивар на влез во село Букојчани, вчера околу 14 часот се случила сообраќајка кога С.С.(42) од кичевското село Србица со патничко моторно возило Опел Омега со охридски регистерски ознаки, загубил контрола врз возилото и излетал од патот.

Како што инфорнмираа од СВР Охрид, при сообраќајката тој се здобил со тешки телесни повреди и по приемот во Општата болница во Кичево, тој на понатамошно лекување бил префрлен во клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.

На местото на несреќата увид извршила екипа од полициската станица во Кичево.

З.А.