Владата ја објави листата на фирми што не им исплатиле пари на вработените

1096

Владата ја објави листата на фирми кои зеле државна помош, но на вработените не им исплатиле плати.

Преглед до листата на следниот ЛИНК.

Дел од фирмите под притисок на јавноста вчера почнале да ги исплаќаат платите за работниците. Синдикалните организации побараа кривична одговорност и најстроги санкции за фирмите кои ја злоупотребиле помошта од државата.

Неделава од Управата за јавни приходи обелоденија дека сопствениците на 708 компании во Скопје, Тетово, Струга, Гостивар и Куманово зеле пари од државата, но ниту денар не префрлиле на работниците. Околу 3.750 компании, пак, им исплатиле на вработените помалку од минималецот.

Најголем дел од компаниите се од дејностите трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна, транспорт.