Викендов во Скопје се случиле 29 сообраќајки, двајца тешко повредени

41

Две лица се здобиле со тешки, а 26 со лесни телесни повреди во 29 сообраќајни незгоди што во изминатиoт викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција санкционирала 147 возачи што се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 90 возачи.

Според полицискиот извештај, 38 управувале возило под дејство на алкохол, 38 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, а 14 возачи почетници.

Непрописно биле паркирани 136 возила, а пајак службата подигнала 107 моторни возила.

Санкционирани биле и девет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 11 возачи кои поминале на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците, седум за неправилно престројување, шест за неправилно престигнување и 19 возачи се санкционирани за некористење заштитен шлем.