Велосипедист удрил во 10-годишно дете

83

Велосипедист удрил во 10-годишно дете и тешко го повредил.

Како што информираат од МВР, вчера во 15 часот на улица „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, С.А.(24) од Крива Паланка управувајќи велосипед удрил во 10-годишно дете од Крива Паланка. Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Здравствениот дом Крива Паланка.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.