Велешанец измамен од лажен продавач на огревно дрво

200

Велешанец бил измамен од лажен продавач на огревно дрво, соопшти полицијата.

Б.Т.(60) од Велес пријавил дека на 11.01.2019 година околу 12,00 часот во неговиот дом дошло непознато лице на возраст од околу 40 години и му понудило да му продаде огревни дрва по цена од 2.500 денари од кубик. Тој се согласил да купи три метри кубни и заедно со лицето се упатиле кон местото каде што наводно требало да ги види дрвата. Лицето со изговор дека треба да го земе возилото заминал од местото на настанот и се вратил во домот на пријавителот и на неговата сопругата и рекол дека нејзиниот сопруг ги зел дрвата и побарал пари. Таа му дала 7.860 денари по што лицето си заминало.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.