Велешанец избоден со нож

237

Триесетгодишен маж синоќа во Велес со нож прободел свој сограѓанин во ходник во станбена зграда, при што му нанел повреди во пределот на градниот кош.

Во СВР – Велес вчера околу 22.05 часот било пријавено дека во ходникот во станбената зграда на ул. „Васил Главинов“ во Велес З.А. (30) од Велес со нож го прободел П.Н. (36).

Повредениот бил пренесен во Медицински центар Велес и по укажаната лекарска помош бил препратен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

З.А. бил приведен и задржан во СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.