Бугарин измамен и огрaбен во Кривогаштани

315

Бугарскиот државјанин П.К.(43) од Софија е оштетен за 483.640 денари откако дошол во селото Обршани, општина Кривогаштани, да купи пипер. Количините што ги таксал ги исплатил, почекал да се товарат во камион и заминал. Но, сфатил дека е измамен откако камионот не пристигнал на договореното место.  

Како што соопшти МВР, П.К. го пријавил случајот вчера во Полициската станица Прилеп.

Истиот ден во Полициското одделение Кривогаштани е повикан Н.Х. (46) од село Обршани и од него одземена е документација од правното лице што го застапува.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.