Бугарин дивеел во угостителски објект во Струмица

383

Триесет и деветгодишен државјанин на Бугарија бил приведен и задржан во полициската станица во Струмица, и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, јави Министерството за внатрешни работи.

-М.А. од село Дабиле пријавил во полициска станица во Струмица дека во 03,00 часот додека вршел обезбедување во угостителски објект во Струмица забележал непознато машко лице видно под дејство на алкохол кое почнало да крши чаши на подот и недолично да се однесува внатре во објектот вознемирувајќи ги присутните гости, при што од страна на обезбедувањето бил отстранет од објектот- соопшти МВР во дневниот билтен.