Британец хакирал и измамил македонска фирма

543

Полицијата поднесе кривична пријава против Р.Н.Н. (36) од Велика Британија, поради измама и оштетување и неовластено влегување во компјутерски систем.

Според информациите од МВР, пријавениот, во текот на ноември минатата година, заради прибавување противправна имотна корист, неовластено влегол во туѓ компјутерски систем.

– Тој ги сменил вистинските банкарски податоци во електронска комуникација помеѓу фирма од Скопје и фирма од САД, доведувајќи го во заблуда одговорното лице Т.М., за извршена нарачка на дијагностичка опрема, наместо на вистинската банкарска сметка да изврши плаќање на парични средства во износ од 10.503 евра на банкарска сметка која била во сопственост на пријавениот – велат од МВР.