Бојан Јовановски пристигна на распит кај Русковска

138

Бојан Јовановски кој е првоосомничен и во случајот поврзан со Меѓународниот сојуз е спроведен во Обвинителството за организиран криминал кај обвинителката Вилма Русковска. Тој ќе треба да даде исказ за наводните злоупотреби за кои го товарат. Јовановски е осомничен за измама и перење пари.

Пред него во Обвинителството беше неговиот татко, Миле Јовановски, а исказ даде и неговата асистенка и осомничена во случајот, Христина Блажевска.

Миле Јовановски пред да излезе од судот рече дека не чуствува вина и ги поздрави новинарите со „Среќна нова ’49“.

Во случајот осомничени се и пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски, потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ и асистентката во сојузот, Христина Блажевска.