Болна жена почина во заглавен лифт

431

Шеесет и осумгодишна жена во Скопје почина во заглавен лифт додека лекари од Итната медицинска помош се обидувале да ја спасат. Како што информира полицијата, случајот во 00.23 часот во СВР Скопје го пријавил доктор од Итна медицинска помош.

Според пријавата, при интервенција на повик на улицата „Никола Парапунов“ за укажување на лекарска помош на Л.Т. (68) од Скопје, кога екипата на Итната медицинска помош се обидела да ја пренесе во комплексот клиники „Мајка Тереза“, лифтот во зградата се заглавил и пропаднал во подрумскиот дел од зградата. Притоа пациентката Л.Т починала.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, соопшти полицијата.