Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница во изминатите пет месеци

101

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата која се наоѓа во склоп на затворот во Шуто Оризари, по информациите од страна на адвокатите на Бојан Јовановски кои обвинуваат за лекарска негрижа, во однос на неговата здравствена состојба.

Од извршената инспекција, не се констатирани недостаоци во надлежности на ДСЗИ.

Оттука велат дека од извршениот увид во медицинската документација, Јовановски првпат побарал лекарска помош на 16 јули, пришто бил прегледан и му била ординирана терапија.

-Во периодот од 16 јули па до 13 ноември, за пациентот евидентирани се вкупно 25 прегледи при што се издавани специјалистички и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терциајрно ниво (болнички здравствени установи). Притоа упатите се давани со предходно медицинско известување до надлежниот суд за добивање на согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна медицинска помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција – велат од Државниот санитарен здравствен инспекторат.