Боки беше навреден, но ги зеде парите

1203

Осомничениот бизнисмен Орце Камчев во сведочењето пред судот рече дека однапред знаел преку Бојан Јовановски кој ќе дојде на распит, кој ќе биде уапсен.

– Ми беше два дена претходно најавено, знаев дека ќе ме викнат на распит, пред да ме извести Обвинителството – рече Камчев пред судот.

Тој кога дошол со неговите адвокати Драган Малиновски и Антонио Апостолски во СЈО, во собата за сведоци, Катица Јанева лично му рекла „Катица ми вика, тоа со Бојан што го договорате да го завршиш. Директно ми го кажа”.

Камчев рече дека неговата сметководителка Мими му ги спакувала во банкноти од по 50 евра.

– Му ги спакував намерно во Луј Витон, зашто тоа го сакаше, да не биде Адидас… Боки беше навреден зашто сум му ги спакувал во банкноти од по 50 евра, но ги зеде парите – посочи Камчев.

„Беше повикан во СЈО, спроведен од затворот, во шест навечер во канцеларија. Таа јадеше мекици со сирење со Лиле. Тие седеа и рекоа гаранцијата нема да важи зашто е под хипотека. Јас реков дека тоа не така…” кажа сведокот Камчев на прашање од адвокатот на Боки 13, Сашко Дуковски за висината на гаранцијата од 14 милиони евра, која не му била прифатена.

– Гаранцијата беше одбиена за Катица и Лиле да глодаат како хиени – рече Камчев, а реагираше адвокатот на Јанева, Дељо Кадиев, Камчев да не ја навредува неговата клиентка и останатите.