БИЛТЕН

70

Тројца уапсени поради марихуана

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје, на подрачјето на Гази Баба, го уапсиле Б.И. (28), затоа што при извршен преглед кај него била најдена марихуана. На улицата Владимир Полежиновски, пак, полицијата го уапсила Б.Ј. (21), исто така затоа што носел марихуана.
На локалниот пат Требош – Палатица, тетовски службеници на СВР-Тетово, го лишиле од слобода триесет и петгодишниот Ј.И. од тетовско Слатино, затоа што и кај него, во возилото „форд“ што го управувал, била пронајдена марихуана. Против сите нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фатен во извршување кражба

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Кавадарци, го уапсиле четириесет и петгодишниот С.Д. од Кавадарци, затоа што бил затекнат како извршува тешка кражба во куќа на улицата Пролетерска. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прегазен пешак во Волково

Возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски таблички, управувано од Љ.С. (26), од селото Волково, удрило во осумдесет и седумгодишниот Р.Р. од селото Кучково. Пешакот добил тешки телесни повреди и бил пренесен во градската општа болница „8 Септември“. На местото на несреќата бил извршен увид од страна на увидна екипа на СВР-Скопје.

Повреден ловџија

Во полициската станица во Струмица било пријавено дека на местото Чепели, во атарот на селото Раборци, Струмичко, Н.Н. (64) од Струмица бил погоден од ловен патрон во пределот на градите, додека бил на лов заедно со други лица. Според пријавеното, патронот бил испукан од М.Ш. (69), со кого биле заедно во лов. Повредениот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полицијата извршила увид на местото на настанот, заедно до јавен обвинител.