БИЛТЕН

114

Пронајдени марихуана и прашкеста материја

Полициски службеници од СВР Тетово, ги лишиле од слобода Г.Р.(42) од селото Мала Речица,тетовско, и Д.С.(18) од Теарце, затоа што при преглед на патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски таблички, во кое двајцата се превезувале, била пронајдена марихуана. Тие биле задржани во полициската станица Тетово, и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Марихуана била пронајдена и кај дваесет и еден годишниот Д.Т. од Скопје.
Кај четириесет годишниот С.Н. од Скопје пак, бил пронајдена прашкеста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Прашкестата материја и марихуана биле пронајдени и кај триесет и деветгодишниот Р.М. од Скопје. И против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Возеле без возачка дозвола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи во Битола извршиле контрола за алкохол, брзина и управување без возачка дозвола. Притоа било констатирано дека тројца возачи управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, брзината ја надминале тројца возачи, едно возило било нерегистрирано, шест возачи зборувале на телефон додека возеле, а тројца не користеле сигурносен појас. За сите нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прегазен пешак

На улицата Доне Божинов, во Куманово, Ѓ.А. (47) од Куманово, удрил во десетгодишен пешак од Куманово. Тој управувал возило од марката „фолксваген шарк“ со австриски национални ознаки. Повредениот бил веднаш префрлен во Општата болница во Куманово за укажување лекарска помош. На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од СВР-Куманово.

Пронајден нож кај две лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи во Скопје, на улицата Македонски војски извршиле преглед над Ф.С. (21) од селото Љубин, Скопско, при што кај него пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Нож бил пронајден и кај деветнаесетгодишниот Ш.М. од селото Чојлане, Скопско, при што лицето било проведено за понатамошна постапка. И против него ќе биде поднесена соодветна пријава.