Приведено лице барано по централна потерница

На 25.8.2021, во 19.20 часот, на булеварот Борис Трајковски во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи во Кисела Вода – отсек Потраги, врз основа на централна потерница, го лишиле од слобода Н.И. (27) од Македонски Брод, со место на живеење во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело по членот 130 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во полициската станица во Кисела Вода за понатамошна постапка.


Во Скопје 152 сообраќајни прекршоци, во земјава 310 возачи возеле пребрзо

Министерството за внатрешни работи во текот на завчерашниот ден (25.8.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на градот Скопје се изречени вкупно 152 мерки, меѓу кои 37 санкции за возење над дозволената брзина, девет за возење без возачка дозвола, три за некористење сигурносен појас, две за користење мобилен телефон, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила, четири за минување на црвено светло, осум за прекршоци од возачите на велосипеди и мотоцикли, 71 за непрописно паркирање.

Во истиот период, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава, за санкционирање на возилата што се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 310 возачи. Од нив, 37 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 126 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 184 надвор од населено место.
– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – велат од МВР.


Германка го пречекорила дозволениот туристички престој во земјава

На 25.8.2021, во 11 часот, на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција, било констатирано дека Р.Ш. (37) од Германија го пречекорила дозволениот туристички престој на странец во државата од 90 дена во период од 180 дена. Таа била приведена во полициска станица за понатамошна постапка.