Билтен

35

Кај двајца скопјани пронајдена марихуана

Полициски службеници од СВР-Скопје на улицата Благоја Стефковски ги уапсиле Е.Б. (32) и Д.Ф. (31), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. Марихуана била пронајдена и на улицата Орце Николов, каде што полициски службеници го лишиле од слобода Н.Д. (20) од Скопје.

Агресивно се однесувала кон полициски службеници

На улицата Даме Груев во Скопје, А.Г. (65) од Скопје го нарушила јавниот ред и мир на тој начин што агресивно се однесувала кон полициски службеници што извршувале службени дејства. По целосното расчистување на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Со трактор излетал од коловоз

На регионалниот пат Кривогаштани – село Житоше во Прилеп, Ѓ.Н. (70) од Скопје, управувајќи трактор, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата, тој добил тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница во Прилеп за укажување лекарска помош.

Сообраќајна незгода помеѓу автомобил и мопед во Битола

На улицата Партизанска во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пежо 306“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Т. (67) од Битола, и мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Л.М. (25) од Битола. Во незгодата, мотоциклистот добил тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница за укажување лекарска помош.

Прегазен пешак во Тетово

На кружниот тек од булеварите Илинденска и Маршал Тито во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б. (50) од селото Нераште, Тетовско, удрило во пешакот А.К. (25) од селото Палатица. Во незгодата, А.К. добила тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница во Тетово, за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово.

Кај Пирок прегазил велосипедист и избегал

На регионалниот пат Тетово – село Пирок бил прегазен тринаесетгодишен велосипедист од Голема Речица. По незгодата, возачот на возилото избегал, а велосипедистот добил тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.