БИЛТЕН

101

Лишени од слобода поради поседување марихуана и оружје

На локалниот пат што ги поврзува тетовските села Требош и Палатица, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи – Тетово, ги лишиле од слобода Ј.Ј. (24), А.Љ. (21) и М.Ц. (20), сите од Тетово, бидејќи при преглед на нивното возило „фолксваген туран“ биле пронајдени марихуана и ризла. Тие биле задржани во Полициската станица во Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Уапсен бил и триесетгодишниот М.С. од Скопје, затоа што при преглед кај него биле пронајдени марихуана и грутчеста материја. И против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Пред казино на улицата Борис Трајковски во Скопје, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје, ги уапсиле Б.Д. (33), И.Л. (33) и А.Н. (33), сите од Скопје, затоа што при извршена контрола кај нив со судска наредба, кај лицето Б.Д. биле пронајдени марихуана и пиштол „екол арас магнум“, а кај И.Л. биле пронајдени марихуана и куршуми. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Уапсени на гранични премини

На граничниот премин Долно Блаце од слобода бил лишен Н.Г. (60) од Косово, затоа што при проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“ по барање од Интерпол. Тој им бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
На граничниот премин Богородица, пак, од слобода бил лишен четириесет и осумгодишниот Н.В. од Србија, кој управувал патничко возило „фолксваген голф“, со српски таблички, бидејќи по извршената контрола било констатирано дека бројот на шасија и типската плошка биле фалсификувани. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето им било предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Струмица за понатамошна постапка.

Тепачка помеѓу две групи пред училиште

Пред училиште во Скопје, на булеварот Трета македонска бригада дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи, меѓу кои имало малолетници. Притоа, осумнаесетгодишниот У.Д. од Скопје добил со убодна рана, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Горел автомобил

На улицата Букурешка во Скопје, настанал пожар во патничко моторно возило „рено клио“ со скопски регистарски таблички. Возилото било во сопственост на М.М. (38) од Скопје. Пожарот бил изгасен од екипа на противпожарната заштита во Скопје.