Билтен

78

Уапсени две лица поради поседување марихуана

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје, во Градскиот парк го лишиле од слобода Б.С. (31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
На подрачјето на Гази Баба, пак, полицијата го уапсила четириесетгодишниот З.Д. од Скопје, исто така поради поседување марихуана.

Со возило се превртелена патот кон браната Козјак

На регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак, патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (43) од Скопје, излетало од коловозот и се превртело. По незгодата, возачот и сопатникот Г.С. (41) од Скопје биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што на Г.С. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на И.С. телесни повреди. На местото на незгодата бил извршен увид од увидна екипа од СВР-Скопје.

Паднале од мотор и добиле тешки телесни повреди

На булеварот Јане Сандански мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Г.Ѓ. (28) од Скопје, паднал на коловозот. По незгодата, мотоциклистот и сопатникот Л.Ј. (26) од Скопје биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што им биле констатирани тешки телесни повреди.

Каснати од кучиња скитници

Во полициската станица во Центар, Р.А. (55) од Скопје пријавил дека на булеварот Кузман Јосифовски-Питу неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница. Во полициската станица во Чаир, пак, С.М. (33) од Скопје пријавила дека на улицата Радишанска била касната од куче скитник во пределот на нозете.

Полицаец се самоповредил со службен пиштол

На паркинг-простор пред угостителски објект на улицата Македонска фаланга во Битола, еден полициски службеник од невнимание испукал еден куршум од службениот пиштол, при што се самоповредил. Повредениот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Битола. За настанот се запознаени јавен обвинител и одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.