БИЛТЕН

45

Прегазен пешак во Кичево

Товарно возило од марката „мерцедес“, со кичевски регистарски таблички, управувано од шеесетгодишниот Ц.С. од Кичево, удрило во шеесет и три-годишниот Д.Д., исто така од Кичево. Инцидентот се случил на улицата Борис Кидрич. Пешакот добил тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево, каде што му била укажана лекарска помош. На местото на несреќата бил направен увид од увидна екипа.

Пронајдена марихуана

Дваесет и тригодишниот И.Љ. од Куманово бил лишен од слобода, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Лицето било прегледано од полициски службеници на СВР-Скопје, на булеварот Филип Втори Македонски. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Тетово, пак, исто така поради поседување марихуана биле уапсени Д.М. (39) од Тетово и Н.Н. (19) од тетовско Рогле. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Марихуана била пронајдена и кај дваесет и едногодишниот О.М. од Скопје. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Уапсена осудена за кражба

Полициски службеници од СВР-Тетово ја привеле триесет и седумгодишната А.Д. од Неготино, која била осудена на затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“. Таа била спроведена во казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје, каде што ќе ја издржува својата затворска казна.

Фатен со пиштол и со 15 куршуми

На регионалниот пат Скопје – Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Ѓ. (30) од селото Арачиново, затоа што при преглед кај него биле пронајден пиштол „сиг сауер“ со две рамки и со 15 куршуми. По документирањето на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Уапсен поради полов напад врз дете

На граничниот премин на аеродромот „Скопје“ од слобода бил лишен Џ.С. (69) од селото Чајле, Гостиварско, затоа што при проверка кај него било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“, по барање од Полициската станица Гостивар, за сторено кривично дело полов напад врз дете. Тој им бил предаден на полициски службеници.