Билтен

85

Пронајдена марихуана

За време на ограниченото движење, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи во Скопје на улицата Финска го лишиле од слобода К.М. (19) од Скопје. При извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повреден малолетник на мопед во Куманово

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Куманово, помеѓу патничко моторно возило БМВ, од Куманово, управувано од Р.С. (47) од Куманово и мопед „априлја“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од шеснаесетгодишно момче. Во незгодата, возачот на мопедот добил тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница во Куманово за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР-Куманово.

Каснати од кучиња скитници во Аеродром и во Центар

Во Полициската станица во Аеродром, Р.Д. (61) од Скопје пријавил дека на улицата Симеон Кавракиров бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.
Во полициската станица во Центар, пак, С.Ѓ. (75) од Скопје пријавила дека на улицата Франклин Рузвелт била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

Сообраќајна незгода во Радовиш

На улицата Шаин маале во Радовиш, се случила сообраќајна незгода во која Д.М. (36) од Радовиш, управувајќи мопед „јонвај“, со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата тешки телесни повреди добил Д.М., кој е пренесен во Клинички центар во Штип, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Одделението за внатрешни работи во Радовиш.

Скопјанец долго крадел во Тетово

Секторот за внатрешни работи во Тетово поднесе кривична пријава против А.А. (57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“ и три кривични дела „тешка кражба во обид“. Пријавениот, во временскиот период од октомври 2015 до декември 2018 година, кривичните дела ги извршил во станови во Тетово, на тој начин што со тврд предмет насилно ги отворал влезните врати и одземал парични средства, златен накит, компјутери, мобилни телефони и часовници. Пријавениот причинил материјална штета во износ од околу 327.300 денари.