Билтен

258

Пронајдена марихуана

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје над клучката Стопански Двор го лишиле од слобода Г.Ц. (28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкеста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Опожарено возило

Педесет и двегодишниот З.Б. од Прилеп пријавил дека на улицата Задарска во Прилеп било опожарено неговото патничко возило „шевролет“. На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа, а се работи на расчистување на случајот.

Штипјанец обвинет за противправна имотна корист

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против С.З. (24) од Штип поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Тој бил вработен во јавното претпријатие „Исар“, а за себе сакал да прибави противправна имотна корист, во текот на јануари 2020 година. Тој во два наврата присвоил парични средства во вкупен износ од 135.241 денар, и тоа еднаш во износ од 26.041 денар, кои му биле дадени од вработената за да ги однесе од наплатниот центар во населбата Сењак до благајната на „Исар“, а во вториот случај паричен износ од 109.200 денари, кој од вработената во благајната му бил доверен да го уплати во банка во Штип, на сметката на ЈП „Исар“.

Тетовец нападнал службено лице

Две лица од Тетово, М.Н. (21) и Б.Б. (20), добија кривична пријава, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Тие физички се пресметувале пред угостителски објект на улицата Маршал Тито во Тетово, а кога полициски службеници пристапиле да ги разделат пријавените, првопријавениот физички нападнал полициски службеник, а второпријавениот, покрај тоа, оштетил и автомобил. Двајцата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.