Билтен

149

Сообраќајна незгода во Аеродром

На булеварот Јане Сандански се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „кимко“, со скопски регистарски ознаки, управуван од К.Р. (26) од Скопје и патничко возило „миникупер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А. (43) од Скопје.
Во незгодата тешки телесни повреди добил К.Р., по што бил пренесен во градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР-Скопје.

Каснати од куче скитник

Во Полициската станица во Центар, М.Р. (31) од Ресен, пријавила дека на кејот Димитар Влахов била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница. И во Полициската станица во Аеродром, Б.У. (46) од Скопје пријавила дека на улицата 23 Октомври била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Управувал возило без возачка дозвола

На подрачјето на СВР-Скопје од сообраќај е исклучен еден возач, затоа што управувал возило без да се стекне со право за управување моторно возило, а едно возило е подигнато од пајак-службата.