БИЛТЕН

74

Пронајдени дрога и марихуана кај повеќе лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи во Скопје, на булеварот Илинден го уапсиле дваесет и едногодишниот М.М. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Марихуана била пронајдена и кај три лица од Скопје, сите на возраст од 18 до 20 години, а на подрачјето на општината Гази Баба било уапсено лицето Д.Т.(22).
На кејот „Димитар Влахов“, пак, полицијата го уапсила А.А. (27), затоа што при претрес кај него била пронајдена црна грутчеста материја.

Уапсен на граничниот премин Стење

На граничниот премин Стење, при извршена контрола на Г.К. (52), било утврдено дека тој се наоѓа на стоп-листата со мерка да се лиши од слобода по наредба од Основен суд Скопје 1-Скопје и да се спроведе до Казнено-поправната установа „Затвор – Скопје“. Тој им бил предаден на полициски службеници од полициската станица во Ресен за понатамошна постапка.

Мопед паднал на коловоз во Велес

На улицата 8 Септември во Велес, мопед со велешки регистарски таблички, управуван од А.К. (67) од Велес, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата, мотоциклистот добил тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница во Велес, за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на несреќата од страна на увидна екипа од СВР-Велес.

Прегазен пешак кај Нагоричане

На регионалниот пат Куманово-граничен премин Пелинце, во селото Старо Нагоричане, на местото Попчевци, патничко моторно возило „опел корса“, со кумановски регистарски таблички, управувано од Ч.С. (69) од Куманово, удрило во пешакот С.С. (23) од Куманово. Во несреќата, пешакот добил тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница во Куманово, за укажување лекарска помош. На местото бил извршен увид од увидна екипа од СВР-Куманово.

Пукале со оружје на улицата Ферид Бајрам

Во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам биле слушнати истрели со огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека И.А. (29) и С.Р. (35) од Скопје биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко моторно возило „ауди“, во сопственост на Е.С. (33) од Скопје. Повредените биле пренесени во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.