Бизнисменот Ардијан Амзоски на распит во Обвинителството за „Рекет“

102
Фото: Игор Бансколиев

Во Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска на распит е повикан бизнисменот Ардијан Амзоски, сопственик на фирмата „Дрим Билдинг“ од Струга, во врска со случајот „Рекет“.

Тој на сметката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски познат како Боки 13 уплатил околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.

Вчера во Обвинителството исказ даваа водителката Лила Филиповска и бизнисменот Силјан Мицевски.

Во случајот „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.