Беживотно женско тело пронајдено во водите на Охридско езеро

1020

Беживотно женско тело рано утрово е пронајдено во водите на Охридското езеро во близина на брегот кај селото Љубаништа.

Телото го забележал случаен минувач за што ја известил полицијата.

За настанот е известен јавен обвинител кој ќе го предводи увидот на лице место во присуство на полицијата.

СВР Охрид ја потврди информацијата без притоа да даде детали за идентитетот на жртвата ниту за околностите по кој се случил инцидентот.