Бегалец од затвор извршил 12 кражби во Охрид

81

СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против С.А.(29) од Охрид поради извршени 12 тешки кражби.

Како што информира полицијата, тој кражбите ги извршил во текот на оваа година на повеќе локации во Охрид. Тој од станови и од куќи одземал пари, накит, бела техника и други вредни предмети, при што се стекнал со противправна имотна корист од 392.500 денари.

С.А. бил баран и поради бегство од затвор и по приведувањето бил вратен во Казнено поправната установа затвор Струга за издржување на затворска казна.