Бебе починало од компликации со морбили – четврти смртен случај во епидемијата

244

Десетмесечно бебе вчера починало како последица на компликации од мали сипаници, откако веќе две недели било на интензивна нега во Клиниката за детски болести, пренесуваат повеќе македонски медиуми.

Претходно не биле регистрирани хронични заболувања кај починатото дете, кое не било вакцинирано.

Ова е четврти смртен случај поврзан со мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата.