Бебето на 19-годишната струмичанка пронајдено мртво

764

Пронајдено е починато бебето на 19-годишната струмичанка, која се породила дома. Случајот во саботата во СВР Струмица го пријавил лекар од струмичката болница, каде била хоспитализирана девојката, а по извршениот преглед било констатирано дека претходно била породена.

– Во врска со случајот објавен во вчерашниот извадок од дневни настани во кој известивме дека на 3 март 2019 околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и по извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување, ве известуваме дека е направен увид од страна на полициски службеници и јавен обвинител и пронајдено е починато тело на новороденче – се наведува во соопштението од МВР.

По наредба на јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција. Земени се примероци од крв за анализа од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска.

По насоки на јавниот обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.