Арачиновец превезувал мигранти од Бангладеш

61

Жител на скопско Арачиново на возраст од 21 година бил приведен во атарот на кумановското село Речица поради нелегален транспорт на мигранти.

Како што информираат од МВР, во утринските часови на 11 септември при полициска контрола на автомобил „рено еспејс“ со струмичка регистрација биле пронајдени 15 мигранти од Бангладеш.

Тие заедно со возачот од Арачиново биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.