Апелација заседава за притворот на Боки 13

99

Апелациониот суд денеска ќе одржи јавна седница на која ќе го разгледува барањето на одбраната на Бојан Јовановски познат како Боки 13 за укинувањето на мерката притвор.

Јовановски утринава од затворот во Шуто Оризари беше донесен во судницата. Седницата доаѓа откако Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена.

Кривичниот суд, претходно, на Јовановски, како првоосомничен во аферата „Рекет“ му го продолжи притворот за нови 30 дена. Тој уште не дал исказ пред Обвинителството за организиран криминал и корупција, а изврши увид во доказниот материјал. Адвокатите на поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот, поднесоа жалба на одлуката на судија на претходна постапка кој ја одби нејзината гарација за да излезе на слобода.

Од тројцата осомничени за „Рекет“ единствено Зоран Милевски – Кичеец, кој два пати беше во Обвинителството на распит, е во домашен притвор.