Апелација ја укина пресудата за Ѓоко Поповски за случајот „Триста“

247

Укината е првостепената пресуда за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство и случајот е вратен на повторно судење, потврдија за МИА од Апелацискиот суд во Скопје. Одлуката, како што информираа од Апелација, е донесена минатата недела.

Во овој случај, што се однесува на набавката на возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, на деветгодишна затворска казна е осуден поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Поповски, како што напишаа дел од медиумите, е префрлен од затворот „Идризово“ во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи второстепениот суд му одредил мерка притвор.

Пресудата за затворската казна на Поповски беше донесена во мај годинава.