Антикорупциска поднесе прекршочна пријава против директорката на Хематологија

158

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба.

Пановска била именувана за в.д. директорката на 14 јуни минатата година, а мандатот досега ѝ бил продолжуван мандатот на шест месеци, што значи дека таа имала обврска по истекот на секој шестмесечен мандат, да доставува анкетен лист.

Пановска е именувана на директорката функција четирипати, а таа дури пред една недела, на 15 мај, ги доставила сите анкетни листови за имотната состојба одеднаш.

Антикорупциската комисија веќе отвори предмет за докторката Ирина Пановска-Ставридис, в.д. директорка на Клиниката за хематологија, за можно местење тендери во корист на веледрогеријата „Пановски“ во сопственост на татко ѝ.

Антикорупционерите ќе испитуваат и дали Пановска-Ставридис унапредувала лекари во раководители на одделот. Пријавата до ДКСК ја доставиле анонимни граѓани и група загрижени лекари.


Ќе се испитува како се трошеле буџетски пари?

Трошењето на буџетските пари во државните и во јавните институции и друштва, наводно, ќе биде испитувано од страна на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). 

Како што објавија повеќе медиуми, се очекува собранието да биде во фокусот на истрагата, во која ќе се испитува користењето на службени возила, патните трошоци, надоместоците за превоз и за стан…

Според неофицијални информации, начините на кои е извршен изборот на канцелариите на поранешните претседатели на Македонија, исто така, ќе биде предмет на интерес.