Антикорупциската побара градоначалникот на Струга да се гони кривично

176

Антикорупциската комисија поведе иницијатива за кривична постапка против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, бидејќи има сознанија дека работел спротивно на законите и јавниот интерес и нетранспарентно трошел општински пари.

Антикорупционерите се повикаа на ревизорски извештаи за финансиското работење на Општината, каде што биле нотирани голем број нерегуларности.

Комисијата ќе ги бара од Државниот завод за ревизија (ДЗР) сите извештаи за работењето на Општината во последните пет години.