Англичанец повреден во сообраќајка во Скопје

126

Пешак од Англија синоќа во Скопје бил удрен од непознато патничко моторно возило кое веднаш по незгодата избегало од местото на настанот.

Како што инфомрира МВР, сообраќајната незгода се случила синоќа околу 1.40 часот на крстосницата од улиците „Јужен Булевар“ и „Јордан Мијалков“ во Скопје.

С. Б.(62) од Англија со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Градската општа болница Св.Наум Охридски, каде од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда.

Се работи на расчистување на случајот.