Автомобил удри во 10-годишно девојче

293

Десетгодишно девојче е тешко повредено кога вчера во неа удрил автомобил на регионалниот пат Мелнички Мост- Центар Жупа.

Во несреќата, девојчето се здобило со сериозни повреди по што било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Дебар. Се работи на расчистување на случајот.