Автомобил удри во жена на паркинг во Скопје

192

Четириесет и деветгодишна жена од Хрватска вчера била тешко повредена на паркинг во Скопје при удир од автомобил.

Од МВР информираат дека насреќата се случила во 14 часот на паркинг простор на ул. „Отокар Кершовани“ во Скопје, кога патничко возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.И. (40) од Скопје, удрило во пешакот А.Б. (49) од Вировитица, Република Хрватска, со престој во Република Македонија.

Од ударот А.Б. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.