Автомобил удри велосипедист кај Стара железничка

63

На булевар „Кирил и Методиј“ во Скопје вчера околу 13.45 часот автомобил удрил во велосипедист.

-Патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(36) од Скопје , удрило во велосипедистот З.П.(59) од Скопје. Притоа, З.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје- информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.