Автомобил удрил во дете во Ченто

83

Автомобил управуван од Ф.И.(20) од селото Сингелиќ, скопско удрил во малолетно лице кое пешачело.

Несреќата се случила вчера на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје.

По незгодата, пешакот бил пренесен во Здравствена установа „Систина“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.


Жена почина во сообраќајна несреќа на патот Ресен-Битола

Жена почина во сообраќајна несреќа што се случи вчера на магистралниот пат Ресен-Битола, кај место викано „Лебара Жито“.

Во несреќата учествувале патничко моторно возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(65) од Прилеп и патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.В.(42) од селото Грначари, Ресенско.

„Во незгодата починала сопатничката во патничко моторно возило „астра“ Р.Р.(62) од Прилеп, додека со возило на итна медицинска помош во Клиничка болница Битола биле пренесени возачот Р.Р., неговата малолетна сопатничка од Прилеп и возачот на другото возило Ѓ.В., на кои од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди“, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.