Автомобил излета на патот Велес-Скопје, тешко повредена жена

160
Фото: Дарко Андоновски

На автопатот Велес – Скопје, на место викано „Пуста Кула“, 40-годишен велешанец управувајќи автомобил „Фолксваген пасат“ изгубил контрола и излетал од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.М. – сопатничка во возилото и била пренесена во болницата во Велес каде ѝ била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.