Автомобил излетал од патот Хиподром – Илинден, две лица повредени

203

На локалниот пат Хиподром – Илинден вчера автомобил излетал од патот при што две лица биле повредени.

Од МВР информираат дека К.М.(33) од Скопје, управувајќи патничко возило „Пежо 306“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Т.И.(32), сопатничка во возилото, додека возачот се здобил со телесни повреди. Т.И. била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.