Автомобил влетал во куќа во Штип

225

Синоќа во Штип, непознато возило удрило во sид од куќа, сопственост на 88-годишна жена.

Како што соопштија од МВР од ударот се срушиле поголем број на тули внатре во куќата и ја повредиле жената, по што возачот го напуштил местото на настанот.

Таа била пренесена во Клиничка болница Штип каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.