Автобус и три автомобила се судрија во Сопиште, повредени неколку лица

425
Фото: Игор Бансколиев

Три автомобила и автобус учествуваа во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Сопиште-Скопско.

Како што информира полицијата во несреќата учествувале возило „фиат пунто“, управувано од Д.А.(36), „матиз“ – управуван од И.Б.(47), „цитроен“ – управуван од Н.Ѓ.(70) и автобус управуван од Г.К.(40).

– Во незгода со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото “фиат пунто“ Б.А.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле Д.А., И.Б. и сопатник од возилото “матиз“ на возраст од 16 години од Скопје констатирани во Градската опшата болница Св.Наум Охридски – велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.